сабота, 19 октомври 2024

Таткото на убиецот од БиХ: Јас сигурно нема да го погребам. Го оставам на неговите пријатели криминалци

Објавено на

часот

Сподели

На прашањето кој ќе го погребе убиецот, неговиот татко кажа дека тоа сигурно нема да биде тој.

„Нема кој од семејството да го погребе, тоа нека го средат и организираат неговите пријатели криминалци. Тоа што тој го направи, тоа не може нормален човек да го направи, само злосторник. Нешто му пукнало во главата штом го направил тоа“, кажа таткото на Сулејмановиќ.

„Јас и сум и не сум му татко на Нермин. Сè видовте и слушнавте. Јас од него се откажав пред 20 години кога почна да ме тепа. Сепак, и да е најлош, дете ми е. Цел живот по затвори поради други криминалци, за разни кривични дела. Кога и да се обидев нешто со него, тој секогаш почнуваше кавга со мене и се откажав од него“, вели Фикрет.

„Имаше тој свои луѓе, блиски до него, кои го познаваат, јас никогаш не сум бил близок со него. Кога ќе го запознаевте, а да не знаете ништо претходно за него, ќе помислевте дека Нермин не е лош човек. Но беше насилник од раѓање а потоа и упадна во лошо друштво“, вели таткото.

Нермин Сулејмановиќ, кој изврши тројно убиство, почнувајќи од својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, подолго време бил пријавуван во полиција за семејно насилство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ