сабота, 27 јули 2024

Таткото на осомничениот за убиството на Данка: Мислам дека детето е продадено

Радослав Драгиевиќ, таткото на осомничениот Дејан, изненаден е од исказот на Срѓан Јанковиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Јанковиќ кажал во Вишото јавно обвинителство во Заечар дека „никогаш не го видел девојчето ниту го убил“. Дејан, меѓутоа, сè признал.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Со денови не сум дома. Тукушто дојдов, поради обврските бев отсутен. Многу сум болен и времето го поминувам кај лекарите. Не сум запознаен што изјавил, еве сега слушам. Па што сега, тој сака сè да му префрли на мојот син за тој да робува до крајот на животот. Ќе видиме како ќе се одвива ова до крајот. Јас сепак мислам дека не е сè така и дека детето е продадено“, рече Радослав Драгиевиќ за српски Телеграф.

Тој, помина два месеци во притвор поради сомнение дека им помагал на осомничените да го префрлат телото на девојчето од депонијата на засега непозната локација. Срѓан Јанковиќ, еден од осомничените, повеќе од два месеци се бранеше со молчење.

Сепак тој реши да ја изнесе својата одбрана и порача дека никогаш не го видел девојчето ниту го удрил со службениот автомобил. Според српските медиуми, тој порачал дека не се чувствува виновен и дека нема грижа на совеста. Девојчето исчезна на 26 март. До денеска нејзиното тело не е пронајдено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ