недела, 20 октомври 2024

Таткото на Јамал е прободен со нож, во тешка состојба е пренесен во болница

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека таткото на Ламин Јамал бил прободен на паркинг во Матаро (гарадот каде што живее) и е пренесен во болница во критична состојба.

Објавено на

часот

Сподели

Ламин Јамал ја крена Шпанија на нозе откако блескаше на Европското првенство во Германија, сруши неколку рекорди и беше клучен играч на „црвената фурија“ во походот до трофејот.

Но, вечерва пристигнуваат вознемирувачки информации, неговиот татко бил прободен, првичните информации велат дека тој во критична состојба е пренесен во ургентен центар.

Инцидентот се случил на еден паркинг во градот Матаро, и одредени извори велат дека таткото на Ламин Јамал се здобил со повеќе убодни рани.

Полицијата ги истражува мотивите и разговара со сведоци, се шпекулира дека нападот со нож може да е последица на една тепачка која се случила претходно во денот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ