сабота, 4 јануари 2025

Тасевски повикан во Делегацијата на ЕУ по случувањата во М-НАВ

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски денеска беше повикан во Делегацијата на Европската унија во Скопје по последните случувања во М-НАВ. По средбата Тасевски изјави дека Делегацијата на ЕУ и амбасадите ревносно ги следат сите случувања и дека биле запознати со целата ситуација.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Тие беа премногу запознати со целата ситуација, ги разбраа нашите барања за професионализам. Дефинтивно имавме разбирање од институции кои функционираат онака како што сакаме и ние да функционираме. Ни дадоа поддршка за сите дејствија што ни стојат на располагање. Жално е што ова одекна насекаде“, рече Тасевски.

Посочи дека се известени сите синдикати од Европа со кои соработуваат и дека во знак на поддршка се организира посета на нивни претставници на земјава. Известена е Светската органзиација на контролори на летање и меѓународни организации.

„Ова веќе ги поминува гранциите од нашата држава бидејќи очигледно е дека ако останеме во рамки на нашата држава, не ја добиваме потребната поддршка во однос на она што треба да се направи за да бидеме професионална контрола на летање“, рече Тасевски.

Тој повтори дека доколку не се испочитуваат барањата на синдикатот од 10 јануари ќе биде затворен воздушниот простор над Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ