сабота, 27 јули 2024

Тасевски од М-НАВ не е лишен од слобода, со него е разговарано, велат од МВР

Министерството за внатрешни работи реагира во врска со медиумските написи и соопштува дека со Александар Тасевски, претседател на Синдикатот во М-НАВ бил обавен службен разговор, како што тоа е случај кога постои пријава, и дека не е лишен од слобода, како и дека ќе биде поднесен соодвеетен поднесок до обвинителството.

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со дезинформациите кои се пласираат во одредени портали во врска со извршениот службен разговор со А.Т., вработен во М-НАВ, ја информираме јавноста дека Министерството за внатрешни работи постапува како и секогаш, согласно законските обврски.

Секогаш кога ќе биде поднесена пријава од граѓанин за заканување или заплашување, МВР го поканува лицето против кое е поднесена пријава за да се изврши службен разговор. Тоа е направено и во конкретниот случај.

По добиената пријава од Ф.Х. и Д.Х., раководни лица во МНАВ за испратени закани по меил од страна на А.Т., извршена е консултација со јавен обвинител, по што е направен записник за примање пријава. На 3 јануари 2024 со покана е повикан А.Т. и со него е извршен службен разговор. Напоменуваме дека лицето не е лишено од слобода туку е извршен службен разговор со цел расчистување на случајот. По документирање на случајот, до ОЈО ќе биде доставен соодветен поднесок за нивно натамошно постапување“, се вели во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ