вторник, 10 декември 2024
Претседателски избори 2024

Таравари во Берлин: Дијаспората помогна да се создаде ДУИ, ќе помогнете и да се развласти

Во рамки на средби со дијаспората во неколку европски градови, синоќа претстедателскиот кандидат Арбен Таравари имаше средба со сонародници во Берлин. Тој беше придружуван од лидерите на коалицијата Вреди, Африм Гаши, Изет Меџити и Биљал Касами, како и од и Беким Ќоку од косовското Самоопределување, партија на косовскиот премиер Аљбин Курти.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја гледам волјата за промени и кај вас и ви велам дека ниту еден политички процес не го правиме без да ја слушнеме дијаспората бидејќи вие знаете да нѐ сензибилизирате за да успее промената“, рече Таравари.

Затоа, според него, нема дилема дека тоа ќе се докаже на 24 април и на 8 мај.

„Немаше важен процес во Северна Македонија што се одвиваше без дијаспората, почнувајќи од првото политичко движење. Тетовскиот универзитет беше невозможен проект без поддршка од дијаспората, исто така и во однос на формирањето на партијата која сега е на власт, но и како што сте сега посветени во дијаспората да ја смените истата партија. Двапати се натпреварував во Гостивар и дојдоа значителен број на луѓе од диаспората. Тие го сензибилизираат населението и покажуваат колку е важно да се гласа за да се направи промена. Ние се приклучивме и го направивме нашето, вие продолжите да ја работите својата работа, да гласате за политичката ротација што треба да се случи во Северна Македонија. На овој начин овозможуваме дел да се врати животот во Северна Македонија. Можете да комуницирате со луѓето, да побарате да нѐ поддржат на 24 април, бидејќи 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“, истакна Арбен Таравари на централниот митинг со дијаспората во Берлин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ