петок, 21 март 2025

Таравари: Сите пациенти од пожарот во Кочани се надвор од животна опасност

Сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба. Повеќето се подобруваат, а од вкупно 20 што беа критични, денеска констатиравме дека 10 се потешки, но и тие се стабилни, надвор од животна опасност, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјави Таравари, во државава се лекуваат 72 пациента, а надвор 101. Од оние што се лекуваат во земјава, тројца веќе се испишани вчера, а утре се планира да бидат испишани уште тројца.

„Од идната недела се надевам ќе ве известуваме за тоа колку пациенти го продолжуваат лекувањето дома и за такви што ќе се враќаат од странските држави“, истакна Таравари.

Според него, од пациентите во државава, 34 се на Клинички центар, 15 се во ГОБ „8 Септември“, во Градската општа болница се хоспитализирани 11, а во Штип е еден пациент. Од приватните клиники, во „Сиситина“ се згрижени 7 пациенти и во „Жан Митрев“ – 4.

„Надвор се 101 пациент. Вчера беа испратени помал број пациенти, денеска има понуди од повеќе држави, но ќе видиме, можеби максимум 10 да се испратат, а можеби и не“, рече Таравари.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ