Во разговор за Гласот на Америка на македонски јазик Тараари вели дека дека е сигурен и во однос на судска разврска бидејќи, како што вели, и во Централното претседателство и во Централното собрание и кај членовите на Конгресот тој и неговите приврзаници имале мнозинство.
Тој нагласи дека „фракцијата“ на Зијадин Села веќе неколку месеци е блиска до ДУИ и додаде дека тоа е нивен легитимен став што го почитува. Тврди дека по конгресот, немал средба со Села, но со него сепак има договор за дел од имотот.
Канцеларијата во Тетово ќе ја користи Таравари, а во Скоје Села.
Таравари смета дека изборната кампања ќе беше поинтересна доколку лидерот на ДУИ го прифатеше предизвикот самиот да биде претседателски кандидат.
За идејата претседателот на државата да се избира во Собранието, Таравари вели дека на Македонија, како парламентарна демократија, не ѝ се и потребни такви трошоци.
Но, Таравари ги наведува Албанија и Косово како позитивни примери за споредба каде шефот на држаата се избира во парламентот.