петок, 17 мај 2024
Лидерот на АА со порака

Таравари по седницата на Владата: Сакаме промени затоа нѐ разрешуваат

По седницата на Владата на која беа разрешени двајца директори од редовите на Алијанса за Албанците, лидерот на партијата Арбен Таравари преку Фејсбук реагираше: „Сакаме промени затоа нѐ разрешуваат, но доаѓа 8 мај, оставете нѐ нас во АА демократски да ги решиме разликите.

Објавено на

часот

Сподели

„Нѐ разрешуваат затоа што сакаме Промена… ви кажуваме повеќе од кога и да е дека промената започна! 8-ми мај… блиску, многу блиску!“, порача Таравари преку својот фејсбук-профил.
„Залудно е. Промената е почната и никој и ништо не може да го врати процесот назад. Вие што ја користите моќта на овој начин, ве повикувам да купите календар или да го погледнете календарот на вашиот мобилен и да прочитате… 8 мај е многу, многу блиску! Разликите што ги имаме во АА, оставете да ги решиме на наш демократски начин и не се срамете со вакви постапки бидејќи уцената не поминува кај ниеден член на АА“, вели Таравари во друга, претходна своја објава.
Претходно, двајца од тројцата министри на Алијанса за Албанците, Азир Алиу и Фатмир Меџити, по седницата на Владата рекоа дека седницата практично ја водел вицепремиерот Артан Груби, во присуство на техничкиот премиер Талат Џафери, и тоа надвор од сите правила и процедури, отфрлајќи ги без образложение, а со аминување од Џафери, сите предлози што беа поднесени од нив. Алиу и Меџити информираа дека без образложение и одеднаш, беа предложени точки за разрешување на директорката на Пошти на Македонија и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, кои го поддржуваат лидертот Таравари, и тие беа разрешени.
За жал, како што нагласија, за разрешувањето гласаа и двајца заменици министри од редовите на Алијанса за Албанците кои во внатрешно-партискиот судир го поддржуваат поранешниот лидер Зијадин Села.
Денеска  со печат од Кадровската комисија на Алијанса за Албанците до Владата беше поднесено барање за разрешување на министрите Алиу и Меџити, но не и за министерот Кренар Лога кој во партискиот судир е на страната на Села.
Таравари деновиве соопшти дека партијата ќе ѝ се приклучи на опозициската коалиција Европски сојуз за промени, додека Села застапува став партијата на изборите да настапи самостојно и на тоа се повикува на одлука од Централното собрание.
Села за во сабота закажа седница на Централното собрание.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ