„Завршивме со состанокот на Кризниот штаб и направивме пресек на состојбата. За среќа, пациентите кои што беа донесени вчера во болниците низ државата се во стабилна состојба. И тие што беа пренесени надвор од државата, вкупно 51 до сега, сите се во генерално стабилна состојба. Но, се појавува еден нов проблем да има пациенти кои вчера не се јавени, и денеска се јавуваат. Јас би сакал да упатам порака до сите што биле дел од трагичниот настан во Кочани, а не се пријавиле вчера, ги молам денеска да се пријавуваат“, рече Таравари.
Како што рече, сите пациенти кои беа во Кочани и Штип, сега се сместени во Скопје. Во Кочани и Штип повеќе нема пациенти.
Таравари подвлече дека ситуацијата е под контрола и очекуваат помалку компликации.
Во пожарот загинаа 59 лица, а од повредените во државава се лекуваат 84 пациенти, а во странство 51 пациент.