сабота, 27 јули 2024
Избори 2024

Taравари: Oвие денови е потребна мобилизација за комплетна победа на Вреди

На митинг во Гостивар на коалицијата Вреди, кандидатот за претседател Арбен Таравари порача дека очекува победа на претстојните избори, но како што напомена, потребна е вонредна мобилизација. „Ве молам за вонредна мобилизација за да ја направиме разликата од 7.000 гласови како што ветивме. Ми велат дека тоа сум го ветил и сега треба заедно да го направиме тоа. Затоа, овие два-три дена да продолжиме да работиме заедно и да ја направиме победата голема за мене, а потоа и за коалицијата“, рече Таравари.

Објавено на

часот

Сподели

Тој ја побара поддршката од гостиварци за, како што рече, остварување на првата победа на 24 април и конечната победа на коалицијата Вреди на 8 мај.

Носителот на кандидатската листа за пратеници во Шестата изборна единица и лидер на Беса, Биљал Касами упати критики до политичките противници од Европскиот фронт предводен од ДУИ.

„Народот вели дека затворот е за мажи, но и за криминалци. Криминалот не поминува неказнето, бидејќи во спротивно, продолжува“, рече Касами.

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити се осврна на положбата на Албанците и напомена дека со Вреди ќе има правна држава и дека ќе бидат ослободени сите неправедно осудени Албанци.

„Ви ветуваме дека владеењето на правото ќе функционира. Ќе правиме реформи со ветинг (проверка) во правосудството. Ќе ги ослободиме од затвор сите неправедно осудени Албанци. Вашите проблеми ќе добијат решенија и ќе добиете влада која го слуша граѓанинот, влада која му служи на граѓанинот, влада посветена на граѓанинот“, рече Меџити.

Лидерот на Алтернатива и носител на на кандидатската листа за пратеници во Втората изборна единица Африм Гаши порача дека од Гостивар почнува промената и дека овој град е клучот за промените.

„Пролетта дојде и почна во Гостивар, кога цути пролетта, тоа е знак дека Таравари победува“, рече Гаши.

Од говорницата се обратија и кандидатите за пратеници на коалицијата Вреди, Халил Снопче, Беким Чоку, Саранда Имери Стафаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ