недела, 19 мај 2024
Избори 2024

Таравари: Ова ќе биде историска победа на Албанците во Македонија, ќе пишува во книгите

Гостиварскиот градоначалник и кандидат за претседател во првиот круг од коалицијата Вреди, Арбен Таравари на гласање дојде со потесното семејство и порача дека по овие избори ќе се смени власта во Македонија. Тој во изјавата за медиумите по гласањето апелираше на до граѓаните на помасовна излезност.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и ВЛЕН/ВРЕДИ, рече Таравари.

На прашање каков исход очекува, Таравари напомена дека ова ќе биде историска победа на Албанците во Македонија.

„За албанскиот блок ова е историски ден. Кажав и претходно, 8 мај ќе биде историја за Албанците и за ова ќе пишува во книгите. По 22-годишен режим на ДУИ, мислам дека ДУИ од денес е во опозиција. И тие се свесни и го знаат тоа“, подвлече Таравари.

Според неговите информации имало нарушување на изборниот процес и посочи дека вчера е откриен поткуп на гласачи од страна на оџи и функционери на ДУИ.

„Тоа е јавна тајна. Секогаш го правеле тоа и го повторуваат, меѓутоа ќе има одговорност. Претходно не одговараа, бидејќи беа на власт. Сега ќе одговараат. Од утре ќе има одговорност и ги повикувам сите луѓе да овозможат гласањето да биде фер и што демократско“, рече Арбен Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ