„Во коалицијата Вреди сме пресреќни затоа што добивме гласови генерално од Албанците. Сега промените веќе се во кутиите кои се отворија. Се надевам дека нашите претставници во изборните места и нашите набљудувачи, ќе го контролираат броењето на гласовите и дека нема да дозволат да има злоупотреби. Мора да се гарантира дека секој глас што е даден на демократски начин ќе излезе на површината. Гласот на граѓанинот по ниедна цена не смее да се злоупотребува“, рече Таравари.
Тој истакна дека на 8 мај очекува победа на коалицијата Вреди и доаѓање на промената со заминување на ДУИ во опозиција.