петок, 27 декември 2024
Претседателски избори 2024

Таравари: Одѕивот на изборите е знак дека на 8 мај доаѓаат промените

Арбен Таравари, претседателски кандидат на албанската опозициска коалиција Вреди, на првата прес-конференција по затворањето на гласачките места соопшти дека на овие избори има поголема излезност отколку на претходните избори, што, според него, зборува дека промените доаѓаат.

Објавено на

часот

Сподели

„Во коалицијата Вреди сме пресреќни затоа што добивме гласови генерално од Албанците. Сега промените веќе се во кутиите кои се отворија. Се надевам дека нашите претставници во изборните места и нашите набљудувачи, ќе го контролираат броењето на гласовите и дека нема да дозволат да има злоупотреби. Мора да се гарантира дека секој глас што е даден на демократски начин ќе излезе на површината. Гласот на граѓанинот по ниедна цена не смее да се злоупотребува“, рече Таравари.

Тој истакна дека на 8 мај очекува победа на коалицијата Вреди и доаѓање на промената со заминување на ДУИ во опозиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ