недела, 19 мај 2024
Претседателски избори 2024

Taравари: Не сме решиле кому ќе дадеме доверба во вториот круг; Касами: Вреди ќе победи на 8 мај

Кандидатот на здружената албанска опозиција Вреди за претседател, Арбен Таравари, вечерва на прес-конференцијата изјави дека во сите изборни единици каде што доминираат Албанците, односно во Првата, Втората и Шестата изборна единица, разликата е три-четири илјади гласа. Во врска со разликата во полза на Бујар Османи, наспроти нивниот претседателски кандидат Арбен Таравари, рече дека немаат одлучено на кого ќе му дадат поддршка во вториот круг. Биљал Касами, еден од лидерите на Вреди, рече дека денешните избори се знак дека коалицијата на 8 мај ќе ја победи ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

Прашан дали ќе даде оставка доколку изгуби од Османи, Таравари рече дека за тоа ќе се разговара во органите на партијата.

„Да завршат прво изборите, следат парламентарните избори. Ова се први избори како претседател на партија, во органите на партијата ќе разговараме за ова“, рече Таравари.

Здружената албанска опозиција вечерва на прес-конференција им се заблагодари на гласачите кои го дадоа гласот за нивниот кандидат за претседател Арбен Таравари и очекува на 8 мај на парламентарните избори да ја победат ДУИ.

„Добитник на овие избори е Вреди. ДУИ има вкупен број на гласови на помалите етнички заедници и на граѓаните кои имале потреба од нивните пари. Вреди е легитимен претставник на Албанците, Вреди ги доби гласовите на Албанците. ДУИ со ова однесување го загуби последниот легитмитет да зборува во име на Албанците. Затоа на 8 мај ние ќе победиме. Важно е да потенцираме дека овој резултат и во мандати не е голема разлика од ДУИ и затоа на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза“, изјави лидерот на движењето Беса, Биљал Касами.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ