четврток, 9 јануари 2025

Таравари: Mатичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Педијатрија

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека нема информација дека некој од рентген апаратите низ здравствените институции не работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Пред да дојдам тука, имав состанок со екипата од „Мој термин“ со цел како да подобриме, да има се повеќе термини низ нашите болници посебно во периферија, меѓутоа и на клиниките. Јас колку што знам, немам информација дека некој од рентген апаратите не работи, повеќето функционираат. Скоро и да нема болница низ државата каде што нема рентген. Се согласувам со тоа дека повеќето пациенти, тие што треба и не треба, се испраќаат на Клиниката за педијатрија. Децентрализацијата што веќе го промовираме во јавниот здравствен систем е во тој правец. Значи, повеќето пациенти кои може да се третираат во внатрешноста на државата се третираат таму“, нагласи Таравари при денешното промовирање на апаратура во Детската клиника.

Апелира матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти на Детската клиника ако не се итни.

„Матичните педијатри да не ги испраќаат сите свои пациенти кои не треба да доѓаат на педијатрија. Тие што се неопходни апсолутно ќе треба да бидат испратени. Меѓутоа разгледуваме најдобра можност со која што повеќето пациенти кои може да се третираат во внатрешноста, да бидат третирани там, бидејќи впечаток е на сите меѓутоа и бројките од МојТермин покажуваат дека матичните и терцијалното здравство доста работи. Во секундарното здравство имаме доволно доктори, а недоволен број на третирани пациенти од нив. Мора да најдеме начин како да задржиме поголем број пациенти кои ќе бидат третирани таму“, рече тој.

На новинарско прашање дека нема дежурни за педијатри по поликлиниките, Таравари нагласи дека само во еден или два здравствени домови нема педијатри.

„Можеби во Здравствен дом некаде може да нема, меѓутоа во повеќето населени места мислам дека постојат педијатри и работат. Можеби каде што немаат двајца-тројца радиолози, педијатри. Ако зборуваме за Скопје, јас колку што знам само во еден или два здравствени домови нема педијатри. Секако дека треба да има дежурства за рентген, меѓутоа и во институциите во здравствените домови има рентген апарати, да не го заборавиме тоа“, рече Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ