понеделник, 21 октомври 2024

Таравари: Ќе прават спектакл, но интерпелацијата за Гаши нема да им помине

Министерот за здравство и еден од лидерите на Вреди, Арбен Таравари очекува дека интерпелацијата за претседателот на Собранието, Африм Гаши нема да помине, но е уверен дека седницата опозицијата ќе ја искористи „за да прави спектакл“.

Објавено на

часот

Сподели

„По тоа што слушам не верувам дека ќе помине интерпелацијата поднесена од Левица. Поголемите партии коишто се коалициски, тие што се во Владата, во мнозинството, нема да ја гласаат. Ќе биде неуспешна, меѓутоа ќе има шанса за спектакл од тие што се во опозиција“, рече Таравари одговарајќи на новинарско прашање.

Тој денеска, заедно со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски, беше на увид во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар во Ѓорче Петров

Пленараната седница за интерпелација претседателот на Собранието Африм Гаши е закажана за 3 септември. Минатата недела премиерот Христијан Мицкоски изјави дека тие нема да ја поддржат интерпелацијата и додаде дека Гаши е далеку подобар претседател од претходникот Талат Џафери.

Денеска лидерот на СДСМ Венко Филипче кажа дека во текот на неделата ќе има координација со пратениците во врска со ова прашање, но смета дека по сите скандали, ВМРО-ДПМНЕ треба да го повлече Гаши од таа функција. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ