На денешната прес-конференција пред Ургентниот центар на комплексот клиники во Скопје „Мајка Тереза“ министерот рече дека тоа што зависи од нас е направено.
„Да бидеме внимателни и да им се даде максимална медицинска поддршка. Тоа што зависи од нас е направено комплетно. Се надевам дека и земјите кои ни се пријатели и сакаат да ни помагаат ќе дадат максимум од себе“, изјави Таравари.
Информираше дека од трите нови пациенти од Кочани, двајца се во Клинички центар, а еден во болницата „8 Септември“.
„Болниците во Кочани и Штип остануваат без пациенти, како што беше стратегијата да ги повлечеме во Скопје за третман на ниво на терцијерно здравство“, рече министерот.
Дополни дека во Скопје има 84 пациенти, а до крајот на денот уште 26 треба да се испратат во други држави: Словенија (4), Хрватска (4), Австрија (6) и Белград (12). Вкупно во Македонија ќе останат 58 пациенти.
„Состојбата е стабилна. Континуирано добиваме информации од сите болници во кои се сместени пациентите“, додаде министерот.
Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство.