сабота, 27 јули 2024

Таравари: Има формула за промени во францускиот предлог

Расправата за францускиот предлог не беше инклузивна, ниту пак транспарентна. Тоа го кажав уште во јуни 2022 година кога дојде тој предлог. Тогашната влада требаше во таа расправа да го вклучи и ВМРО, можеби ќе произлезеше подобар предлог, нешто ќе се корегираше. Ако беше така до сега можеби и ќе се изгласаа одредени уставни промени. Ние мора да најдеме формула со која ќе го надминеме овој проблем. Секогаш постои формула за да се изнајде решение за одредени проблеми, може нешто да се додаде, нешто да се тргне, рече Арбен Таравари, претседателскиот кандидат на здружената албанска опозиција за поткастот на Плусинфо.мк.

Објавено на

часот

Сподели

„Нам можеби ни треба граѓански Устав и треба да размислиме за таа опција. Под граѓански устав подразбирам Македонија да биде дефинирана како држава на сите граѓани што живеат во неа“, рече Таравари.

Во поткастот на Плусинфо, Таравари зборува за понудите што ги добивал од ДУИ за да остане во владејачката коалиција, за неговиот „развод“ со Зијадин Села и за причините поради кои долго седеше на две столчиња пред да ѝ се придружи на здружената албанска опозиција.

Таравари најавува дека на 24 април ДУИ ќе го доживее првиот силен пораз, а на 8 мај ќе се случи историска промена и после 22 години на власт партијата на Али Ахмети ќе замине во опозиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ