„Во пријателски атмосфера разговаравме за политичките случувања во нашите земји, разговаравме и за нови можности за соработка во насока на унапредување на позицијата на Албанците во Република Северна Македонија и за заедничката европска перспектива“, напишаа лидерите на опозициската коалиција на Албанците.
„Четворицата лидери го искажаа својот предлог за претседател на Северна Македонија кој ќе го отелотвори соживотот меѓу етничките групи и ќе го гарантира европскиот пат на Северна Македонија, претседател кој овојпат треба да доаѓа од редовите на Албанците“, известиле од кабинетот на Курти.
Средбата заедно со лидерот на Алијанса за Албанците и тоа токму кај Курти претставува своевидно изненадување за политичката јавност.
Изет Меџити, еден од лидерите на ЕСП пред средбата изјави дека изразува надеж дека во нивната коалиција пред изборите ќе се приклучи и партијата на Таравари. Таравари пак, не даде конкретен одговор, рече, „ќе видиме“, алудирајќи дека за тоа прашање треба да одлучи раководството на партијата.
На средбата присуствувал и Беќим Ќоку, кој е советник на Курти, но е од Струга и порано бил член на ДПА на Мендух Тачи, а потоа и на Алијанса. Тој е сега член на Самоопределување на Курти и е мост за поврзвување со опозициската коалиција.
ЕСП најави преизборни листи на кои ќе бидат имиња и од Самоопределување, наведувајќи дека ќе се работи за лица со македонско државјанство, имајќи предвид дека Иборниот законик забранува учество на странски партии.
Самиот Курти неодамна изјави дека не се меша во внатрешните работи на Македонија, откако за тоа беше обвинет од ДУИ.