вторник, 22 октомври 2024

Таравари го потсетува Димитриевски дека на локалните избори пак ќе му требаат гласови од Албанците

Нивото на кое што комуницира Максим Димитриевски воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа, вели Арбен Таравари, од коалицијата Вреди, порачувајќи му својот на партнер во Владата, лидерот на Движњето ЗНАМ, дека „идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат албански гласови“.

Објавено на

часот

Сподели

Прашан за коментар на вчерашната изјава на Максим Димитриевски дека „е погрешно Вреди да го имитираат ДУИ“, Таравари рече дека тоа е во насока на добивање политички поени.

„Гледам дека господинот Димитриевски сака да поентира за да добие политичка поддршка. Јас го потсетувам дека пред три години беше избран како градоначалник со огромен број албански гласови, идната година се локалните избори, најверојатно повторно ќе му требаат. Нивото на кое што комуницира воопшто не ми се допаѓа и не би сакал да дискутирам повеќе за тоа“, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата по повод воведување на нови лекови на позитивната листа.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, прашан во какви односи се со коалицијата Вреди по несогласувањата околу балансерот, вчера рече дека е погрешно Вреди да го имитираат ДУИ, и дека „ќе мора да направат корекција на самите себеси“.

„Мислам дека партнерот на нашиот партнер во оваа власт, Вреди ќе мора да направат корекција на самите себеси. Мислам дека е погрешно да го имитираат ДУИ, бидејќи ДУИ е веќе видена работа и едно минато. Треба да креираме нови политики за економски раст и развој на државата, бидејќи граѓаните веќе не се оптоварени, кој какво знаме ќе вее или кој е поголем заложник за исполнување на некои си наводни национални платформи и стратегии“, изјави Димитриевски.

Од Коалицијата Вреди, преку соопштение апелираа ЗНАМ „несвесно да не му тера ќејфови на ДУИ“, порачувајќи дека „не мора да се согласуваме за сите прашања, но мора да се почитуваме со оглед на фактот што сме дел од заедничка Влада, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка припадност“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ