петок, 17 мај 2024
Претседателскиот кандидат од митинг во Желино

Таравари: Доцна Османи се премисли за Отворен Балкан, тој остана во креветот со Вучиќ

Кандидатот за претседател на коалицијата Вреди, Арбен Таравари, во денешното обраќање на митингот во Желина, меѓу другото, рече дека неговиот противкандидат Бујар Османи дури сега се сетил да предложи излез од Отворен Балкан, иницијатива на Вучиќ и поддржана од Лавров.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска слушнав дека Османи се пишманел за Отворен Балкан и дека ќе предложел излегување на Северна Македонија од оваа иницијатива на Александар Вучиќ, а поддржана од Сергеј Лавров. На пишман аџијата му велиме дека доцна се расонил. Останавте сами во истиот кревет со Вучиќ. Со Вучиќ кој организира терористички напади на Косово и кој се плаши од поразот на ДУИ, затоа што се плаши од промената која вреди“, истакна Таравари.

Тој додаде дека со Вреди ќе има факторизација на државноста на Косово, а не проекти кои се против интересите на Косово.

„Ќе имаме целосна координација со двете албански држави, Албанија и Косово. Ќе ги продлабочиме врските со Тирана и Приштина, бидејќи тие се наши браќа од иста крв. Значи, нема да правиме како мојот противкандидат кој  својата прва посета како министер за надворешни работи ја направи во Белград и никогаш немаше билатерална посета на Република Косово“, нагласи Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ