сабота, 27 јули 2024
Реакција на коалицијата Вреди по извештајот на Фридом хаус

Таравари: Да се отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Кандидатот за претседател на Вреди, Арбен Таравари, реагираше на најновиот извештај на Фридом хаус, оценувајќи го како вознемирувачки.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Извештајот на Фридом хаус е вознемирувачки. Вината за ова не е само техничката влада, туку овластувањата од повеќе од 20 години. Системот на корупција, заедно со неговите гласноговорници кои се кандидираат за претседател, мора да се отстрани“, вели Таравари.

Таравари нагласува дека општината со која тој раководи секогаш добивала позитивни извештаи за транспарентност и антикорупција.

„Истото вреди да се прави и на државно ниво. Да ја тргнеме корупцијата од власта, да ја отвориме вратата на новата генерација“, вели Таравари.

Од Вреди велат дека последниот извештај на Фридом хаус означува чекор назад во владеењето на правото и борбата против корупцијата, каде има забелешки за корупција на високи нивоа како и критики за измените во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните не само за функционерите, но и за претходната Влада.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ