сабота, 27 јули 2024
Избори 2024

Таравари бара за претседателот на државата да се гласа во Собранието

Лидерот на Алијанса за Албанците и претседателски кандидат, Арбен Таравари вечерва на вонредна прес-конференција ијави дека за претстојните избори за претседател на државата има две цели и дека смета дека во иднина за претседателот треба да се гласа во Собранието.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна, прво, имаме намера за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори и второ, сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата претседател во нашиот политички систем. Како што е познато, Северна Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е предвидено со имплементирањето на Охридскиот договор во Уставот“, истакна Таравари.

Потоа тој вели дека неговата претседателска платформа ќе се гради токму околу зајакнувањето на консензуалната демократија, во линија на мислата на Арбен Џафери.

„Моите партнери и јас целиме идното отворање на Уставот да вклучи три елементи, внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот, второ, отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик, трето, изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори. Ова е големата вест. На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции“, посочува Таравари.

Тој побара поддршка и од Албанците од ДУИ.

„Ги повикувам и Албанците и ДУИ, која сѐ уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура. Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија“, се вели во изјавата на Таравари која ја пренесува неговиот кабинет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ