сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Таравари: Ако по Нова година не ги донесеме уставните измени, ќе го преиспитаме учеството во Владата

Еден од лидерите на коалицијата Вреди, Арбен Taравари вели дека е уверен оти за шест месеци, најдоцна за девет месеци, односно по Нова година, ќе се донесат уставните измени во интерес на одблокирање на европската интеграција. На прашањето како Вреди ќе постапи ако тоа не се случи, одговори: „Ќе го преиспитаме учеството во Владата“. Таравари не планира министерска функција, вели дека е добро да остане градоначалник на Гостивар, а со таква мисла е и лидерот на Беса, Биљал Касами, кој е градоначалник на Тетово.

Објавено на

часот

Сподели

„Но, колку што можам да заклучам од разговорите со господинот Мицкоски, гледам дека има оптимизам. Јас сум оптимист дека ќе се реализира нашата заложба, зашто да потсетам, нашата определба за учество во Владата е забрзување на евроинтеграцискиот процес“, рече Таравари во гостување на ТВ21.

За почеток, Таравари вели дека отстранувањето на терминот од 20 отсто за албанскиот јазик е еден од главните услови, додека во иднина би биле заинтересирани за целосно нов Устав, кој би ја рефлектирал, како што нагласи, етничката и демографската реалност на земјата.

По изборите лидерите на Вреди и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ официјално се имаат сретнато два пати. Овие денови си дадоа пауза за да ги „наполнат батериите по изборниот напор“ и да ги „анализираат своите програми заради усогласување на идната владина политика“.

Што се однесува пак до поделбата на министерски места, Таравари изјави дека би било добро да остане градоначалник на Гостивар, исто како што тоа го најави и Биљал Касами, лидер на Беса, кој е градоначалник на Тетово.

„На четири години го добив мандатот од гостиварци, би било некоректно да се повлечам и потоа да треба да се одржат избори наесен, а редовни повторно следната есен. Ова е заморно и за граѓанинот и за политичките партии. Не велам дека имам дефинитивна одлука, седиме размислуваме и гледаме како ќе биде стратегијата, но во принцип мислам дека ќе продолжам како градоначалник. Имаме добрии кадри кои можат подобро од мене да водат одредени ресори“, рече Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ