среда, 15 јануари 2025

„Танцувајќи со Камара“ на Сандра Ѓоргиева утревечер на „Македокс“

Премиерно на „Македокс“, утре во 22.30 часот во Сули ан, ќе бидe прикажан краткиот документарен филм „Танцувајќи со Камара“ на режисерката и монтажерка Сандра Ѓоргиева, информираат денеска од нејзиниот тим.

Објавено на

часот

Сподели

„Катарина Камара е кореографка и танчерка по современ танц од Португалија, која држи часови по танц на затвореници во затворот Лињо во Лисабон. Нејзините силна енергија и авторитет ѝ даваат слобода да се движи во ист простор со мажи осудени на долги затворски казни и одгледани во патријархален систем. Таа верува дека преку танц и разговори, може да им го подобри процесот на рехабилитација, но и да помогне овој свет да стане подобро место за нејзината осумгодишна ќерка“, се наведува во соопштението.

Филмот е снимен, режиран и монтиран од Ѓоргиева, како дел од „Еразмус“ – мастер програмата „ДокНомадс“, што се одвива во три универзитети во три земји – Португалија, Унгарија и во Белгија.

Продукцијата е на „ДокНомадс“, под менторство на Виктор Кандеиас, Тиаго Еспања и Маргарида Кардосо.

„Ѓоргиева има завршено Факултет за драмски уметности во Скопје, отсек филмска и ТВ монтажа. Потоа работи во постпродукција на ТВ серии, а паралелно се занимава и со режија и сценарио.  Претходни филмови се „Зелени ѕидови, црна храна“ (2015), „Црно и бело“ (2019), „Еден тон сладолед“ (2021). Во моментов, паралелно со други студии, е во препродукција на краткиот филм „Сертификат за живот“, развиен на Мидпоинт институт, во продукција на „Минимал Колектив“, а поддржан од Агенција за филм, пишува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ