сабота, 27 јули 2024

Талибанците пред две години ја преземаа власта: додека тие слават, правата на жените исчезнуваат

Објавено на

часот

Сподели

„Заземањето на Кабил покажа уште еднаш дека никој не може да ја контролира гордата авганистанска нација и дека на ниеден освојувач нема да му биде дозволено да им се закани на независноста и слободата на земјата“, објавија во денешното соопштение талибанските власти.

Бело-црните знамиња на Исламскиот Емират Авганистан, името кое ѝ го дадоа на земјата нејзините нови владетели, се веат на безбедносните пунктови во главниот град, кој во раце на талибанците се врати на 15 август 2021, кога се повлекоа силите на САД и НАТО а владата поддржана од Западот замина во егзил.

Улиците на главниот град денес сепак се мирни, пишува Франс прес. „Денес е среќен ден, тоа е датумот на крајот на окупацијата на нашата земја“, кажа за АФП 21-годишниот студент по медицина Мортаза Каири.

авганистан

Студирањето, меѓутоа, е забрането за девојките, кои повеќе немаат пристап до универзитетите. Во последните две години талибанските власти ја наметнаа својата строга интерпретација на исламот во земјата, а жените се тешко погодени од законите кои Обединетите нации ги опишаа како „родов апартхејд“.

Ограничувањата на правата на жените, кои се исклучени од јавниот живот и немаат право на вработување и образование, се голема пречка во признавањето на владата од меѓународната заедница и помошта која таа би можела да ја пружи.

Група експерти на ОН ги осудија вчера прекршените ветувања на талибанските власти дека ќе се воспостави пофлексибилен режим од оној за време на нивното прво доаѓање на власт, од 1996 до 2001 година.

„И покрај ветувањата на талибанските власти дека сите ограничувања, особено околу пристапот до образованието, ќе бидат привремени, фактите на терен покажуваат постоење на забрзан, системски и сеопфатен систем на сегрегација, маргинализација и прогон“, порачаа експертите на ОН.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ