сабота, 21 декември 2024

Талибанците забранија трансплантација на органи, велат дека е „неиспамска“

Талибанците ја забранија трансплантацијата на органи, вклучувајќи срце, бубрези и бели дробови, со објаснување дека таквата пракса е „неисламска“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа одлука предизвика гнев на пациентите и лекарите, кои предупредуваат дека илјадници Авганистанци ќе бидат погодени од забраната.

„Имам голем проблем“, вели Вахид, жител на северната покраина Парван, кој има камења во двата бубрези и жолчката.

„Што сега да правам?“, прашува Вахид, чие име е сменето од безбедносни причини. „Лекарите велат дека трансплантација на бубрег е единствениот начин да се излечам“.

Рашид, жител на западната покраина Херат, истакнува дека забраната на талибанците на неговиот болен роднина ќе му ја ускрати можноста за трансплантација на бубрег.

„Сè уште чека во болница, иако нашето село собра донации за неговата операција“, вели Рашид, исто така со псевдоним за заштита на идентитетот.

Бисмала Шевамал, авганистански хирург со седиште во Германија, истакнува дека трансплантациите на органи се клучен дел од современата медицина.

„Трансплантацијата на органи е важен начин за спасување животи“, вели Шевамал.

Трансплантацијата на органи е вообичаена медицинска пракса низ светот, вклучувајќи ги исламските земји. Повеќето органи се донираат доброволно пред смртта на донаторот, додека во некои земји блиски роднини на пациентот под ризик можат да донираат свои органи.

Исламските теолози ја доведуваат во прашање оправданоста на овој став на талибанците.

АБдул Сабур Абаси, авганистански исламски теолог, вели дека неколку современи одлуки на водечки муслимански правници дозволуваат доброволни донации на органи за трансплантации.

„Донаторот мора да биде возрасна личност и при здрава свест, а примателот мора да има корист од трансплантацијата“, вели Абаси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ