„Пред нашата држава и целокупниот народ се отвора шанса за брз напредок во евроинтеграциите., да го продолжиме европскиот пат и да реализираме уште една стратешка цел. Откако скрининг процесот што се води на официјален македонски јазик, наскоро ќе заврши, ќе следува и отворање на првите поглавја во преговорите со ЕУ. За тоа се неопходни потребните структурни реформи што започнуваат со уставните измени.
Одговорност на сите 120 пратеници, но и на сите политички субјекти, вклучително и на Христијан Мицкоски е да дадат придонес во овој важен државнички процес. Изборот е јасен: Или напредок и интеграција во ЕУ или стагнација и изолација во прорускиот блок. Но Христијан Мицкоски со денови бега и не носи одлука дали е за ЕУ или е за останување под заложништво на проруската Левица“, рече Талевски.