сабота, 27 јули 2024
Серија А

Талентираниот Јилдиз издрибла тројца и постигна гол првенец, Јувентус до три бода против Фросиноне (ВИДЕО)

„Старата дама“ победи со 1-2 кај Фросиноне, талентираниот Кенан Јилдиз постигна атрактивен гол првенец во Серија А, 18 годишниот Турчин издрибла тројца противници и ја затресе мрежата.

Објавено на

часот

Сподели

Јувентус со цел плен си замина од гостувањето на „Бенито Стирпе“, избраниците на Алегри славеа со 1-2 против Фросиноне.

Резултатот беше отворен во 12. минута, талентираниот Јилдиз издрибла тројца противници и погоди на поблиската статива за гол првенец во Серија А и водство од 0-1.

Баез на стартот од вториот дел изедначи на 1-1, но Душан Влаховиќ се погрижи Јувентус да стигне до три бода.

Во 81. минута, Србинот скокна највисоко по еден центаршут на Мекини и со глава ја затресе мрежата за 1-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ