Јувентус со цел плен си замина од гостувањето на „Бенито Стирпе“, избраниците на Алегри славеа со 1-2 против Фросиноне.
Резултатот беше отворен во 12. минута, талентираниот Јилдиз издрибла тројца противници и погоди на поблиската статива за гол првенец во Серија А и водство од 0-1.
Баез на стартот од вториот дел изедначи на 1-1, но Душан Влаховиќ се погрижи Јувентус да стигне до три бода.
Во 81. минута, Србинот скокна највисоко по еден центаршут на Мекини и со глава ја затресе мрежата за 1-2.