сабота, 19 октомври 2024
Процедури до парламентарните избори

Талат Џафери поднесе оставка, собраниската фотелја го чека Јован Митрески

Според договорот меѓу СДСМ и ДУИ, а во функција на формирањето на техничка влада, попладнево Собранието на Македонија информира дека Талат Џафери поднесе оставка на функцијата претседател на Собранието. Претпладнево, до Џафери својата оставка од премиерската функција ја поднесе Димитар Ковачевски, а функцијата претстедател на Влада ќе треба да ја преземе токму Џафери. Во меѓувреме, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски го примил известувањето за депонираната оставка од премиерската функција на Ковачевски, потврдија од кабинетот на претседалот.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, поднесе оставка на функцијата согласно Член 115 од Деловникот за работа на Собранието.

Воедно, известуваме дека го овласти потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, да претседава со пленарната седница закажана на 26 јануари 2024 година“, стои во соопштението од Собранието.

Според договорот, функцијата претседател на Собранието треба да ја преземе координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, кој на таа функција ќе биде до изборот на нов парламентарен состав.

Според Законот за влада, техничката влада се избира на 100 дена пред парламентарните избори (8 мај ден на изборите) и нејзината работа ќе биде „техничка“ во функција на подготовка на изборите. Во неа ќе партиципира ВМРО-ДПМНЕ, како опозициска партија со најголем број пратеници, нејзиното учество ќе биде со двајца министри и тројца дополнителни заменици министри.

Со денешните оставки на Џафери и Ковачевски практично започнуваат сите процедури до изборите. Во меѓувреме денеска, објавено е дека од Артан Груби функцијата прв вицепремиер ќе ја преземе сегашниот вицепремиер Бојан Маричиќ.

На утрешната седница на Собранието ќе бидат констатирани оставките, а потоа пред да се гласа дневниот ред, ќе се предложи нова точка – избор на претседател на Собранието. По изборот, во случајов на Јован Митрески за претседател на Собранието, тој ќе го извести претседателот на Македонија дека од името на мнозинската коалиција во Собранието е избран за претседател.

На Џафери претседателот на државата Стево Пендаровски треба да му го довери мандатот за премиер на техничката Влада и роковите ќе почнат да течат.

На 27 јануари претпладне, Џафери до Собранието треба да достави програма и состав на Владата, а седницата за избор треба да биде свикана на 28 јануари. За да се комплетира техничката Влада, ќе биде свикана уште една седница на која треба да се гласа за дополнителните заменици министри и за верификација на мандат на пратеник.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ