сабота, 27 јули 2024

Таксист почина зад волан, возејќи патник доживеал срцев удар и удрил во дрво

Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.Словенија во Скопје Ќ.В.(62) од Скопје, кој управувал патничко возило за такси превоз шкода рапид со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувал патник, откако му се слошило, со возилото излетал од коловозот и удрил во дрво.

Објавено на

часот

Сподели

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница 8 Септември, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ