сабота, 27 јули 2024
Познатиот водител

Такер Карлсон: На американските медиуми им е забрането да зборуваат за важните теми, но вистината ќе победи (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Воопшто не се расправа за големите прашања кои ја дефинираат нашата иднина: повеќе граѓански слободи, напредокот на науката, демографските промени, моќта на корпорациите, природните ресурси… Дискусиите за тоа не се дозволени во американските медиуми“, кажа Карлсон во видео-снимката објавена на Твитер.

Според Карлсон, постоечките дискусии во медиумите станале „неверојатно глупави и бесмислени“. Исто така, дебатите за важните работи се забранети со „одлука на политичките партии и нивните спонзори“. Тој додаде дека моменталната состојба е минлива и дека „вистината ќе победи“.

Американската телевизиска мрежа Фокс њуз објави дека постигнала договор за прекин на соработката со еден од своите најпопуларни водители Такер Карлсон.

„Фокс њус медија и Такер Карлсон одлучија да се разделат. Ние му благодариме за сè што направи за нас како ТВ водител и пред тоа како соработник“, објави медиумската мрежа во соопштение, додавајќи дека емисијата во петокот на Карлсон била негова последна.

Карлсон во повеќе наврати го критикуваше раководството на САД, особено американскиот претседател Џо Бајден. Тој на 25 март кажа дека изјавите на првиот човек и функционерите на Белата куќа за експлозиите на гасоводот Северен тек би можеле да станат „најсмешната лага на американската влада оваа година“.

Водителот кажа дека постапките на американските политичари би можеле сериозно да ги влошат веќе затегнатите односи меѓу Вашингтон и Москва, како и дека резултатите на претседателските избори во САД во 2020 година биле наместени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ