сабота, 27 јули 2024

Тајван тестираше противвоздушна одбрана и најави интензивирање на воените вежби

Тајван ја тестираше својата противвоздушна одбрана и најави дека ќе ги интензивира воените вежби поради честите воени активности на Кина во близина на островот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Командата на воздухопловните сили на Тајван во кратката изјава рече дека помеѓу 5 и 7 часот по локално време, спровела „сеопфатни вежби за противвоздушна одбрана“ користејќи домашно произведени проектили земја-воздух „Скај Боу“ и „Патриот“ од американско производство, заедно со авиони и поморски бродови.

„Соочени со кинески авиони и бродови кои често навлегуваат во близина на морскиот и воздушниот простор на Тајван, воздухопловните сили ќе продолжат да го зголемуваат интензитетот на вежбите за справување со потенцијалните закани“, соопштија од воздухопловните сили.

Говорејќи во Суао на источниот брег на Тајван, каде се наоѓа голема поморска база, портпаролот на Министерството за одбрана Сун Ли-Фанг рече дека иако нема директна врска помеѓу, како што ги нарече, рутинските годишни воени вежби како овие и сегашните тензии, заканата од Кина продолжува да расте.

„Многу е важно да ги зголемиме нашите севкупни воени способности“, им рече тој на новинарите.

Кина тврди дека има право на Тајван, но Тајпеј го отфрла ова и вели дека само жителите на островот имаат право да одлучуваат за иднината на Тајван.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ