сабота, 27 јули 2024

Тајван предупредува дека Кина гради огромни воени бази на три острови блиску до неговиот брег

Министерот за надворешни работи на Тајван Џозеф Ву соопшти дека Кина гради огромни воени бази на три острови кои се наоѓаат многу блиску до три острови кои се многу блиску до тајванските територијални води, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

И Кина и Тајван полагаат право на поголем дел од Јужно Кинеско Море, но Тајван контролира само еден мал остров од спорниот мореуз Нанша (западните земји ги викаат острови Спратли) во јужниот дел од тоа море, со назив Иту Аба, кој Тајван го вика Таипинг.

„Кина веќе изгради огромни воени бази во Јужно Кинеско Море на три острови кои го опкружуваат нашиот Таипинг и сите тие се прилично блиску до нашата територија“, кажа Ву.

Шефот на тајванската дипломатија кажа дека нема сомнеж дека островите му припаѓаат на Тајван и дека владата ќе го брани својот суверенитет над нив. „Бидејќи спорот и понатаму се интензивира, ние на Тајван мораме да размислиме како да употребиме мирни средства за решавање на прашањата во Јужно Кинеско Море, а да не дозволиме другите да мислат дека ние сме тие кои создаваат проблеми“, додаде тој.

Според него Тајван ќе го употреби „најдобриот начин“ да го демонстрира својот суверенитет на Иту Аба.

На малиот остров има авионска писта доволно долга за на неа да слетаат авиони за снабдување на Тајван, но е послабо бранета во споредба со блиските кинески острови и бази.

Кина во последните години изгради цела низа воени бази на острови во Јужно Кинеско Море, тврдејќи дека има полно право да гради и да го брани она што го смета за своја територија. Виетнам, Малезија и Брунеи полагаат право на други делови од Јужно Кинеско Море, а околу тоа спорат и со Кина и со Тајван.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ