понеделник, 6 јануари 2025

Тајмиште 11 дена без струја

Жителите на кичевското село Тајмише веќе 11 дена се без стуја. Тие изгубиле многу пари затоа што храната што ја купиле за новогодишните празници веќе ја фрлиле во ѓубре. Новата година ја дочекаа во мрак, додека велат дека ваквата состојба веќе станува неподнослива. Тие бараат итна интервенција, објави ТВ 21.

Објавено на

часот

Сподели

За настанатата сосотојба ТВ21 побара став од ЕВН од каде велат дека секој ден се прават напори за да се стигне до местото каде што се наоѓа столбот, но како што велат станува збор за непристапен терен.

„Во кичевското село Тајмиште, како последица од невремето настанал дефект од посериозни размери при што паднал челично решеткастиот столб кој е клучен во снабдувањето на овој реон. Покрај тоа, екипите на Електродистрибуција се соочуваат со целосно непристапен терен. Секој ден се вложуваат напори за да се стигне до локацијата на столбот, но во моментов теренските услови воопшто не го дозволуваат тоа. За ситуацијата е запознаен и Центарот за управување со кризи“, информирале од ЕВН за ТВ 21.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ