сабота, 21 декември 2024

„Тајм аут“: За 2023 година Котор е најубавото место во светот

Објавено на

часот

Сподели

Истакнувајќи дека изборот на најубавите места во светот не е лесна задача, „Тајм аут“ наведува дека локациите од списокот ги избрала мрежата на светски патеписци кои ја доживеале убавината на овие места. Така, првото место му припадна на Которскиот Залив, за којшто се вели дека „Јадранското Море во тесните премини на стрмните Динарски Алпи“ ја обликува оваа водна површина, како што опишува написот.

„Овде, сместен меѓу вода и карпа, се наоѓа триаголниот, средновековен стар град Котор, со својата тврдина којашто ѝ пркоси на гравитацијата, и која се движи цик-цак по карпите горе“, вели соработникот на списанието – Пол Стафорд.

Исланд се најде на второто место на листата, а потоа следуваат Ерг Чеби во Мароко, Мон Сен Мишел, Франција, Големата џамија на шеикот Зајед во Абу Даби, ОАЕ и Ела во Шри Ланка. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ