сабота, 27 јули 2024

Тајланд повторно ја забранува марихуаната откако пред 18 месеци ја легализираше

Новата влада на Тајланд планира да донесе нови закони со кои се забранува рекреативна употреба на марихуана, 18 месеци откако земјата стана прва во Азија што ја декриминализираше консумацијата на оваа билка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ублажените закони доведоа до бум во профитабилната индустрија за канабис што ги снабдува локалните жители и туристите, но новата конзервативна влада вети дека ќе ги заостри правилата и ќе дозволи само медицинска употреба на марихуана.

Тајландското Министерство за здравство денеска објави нацрт-закон со кој се пропишуваат големи парични казни и/или затворски казни до една година, пишува Си-ен-ен.

Марихуаната и производите поврзани со канабис ќе бидат ограничени само на медицински и здравствени цели, се наведува во предлог законот. Во септември, премиерот Сретта Тависин рече дека неговата влада ќе ги „поправи“ законите за канабис во следните шест месеци.

Пушењето марихуана во јавност остана нелегално дури и според полесните закони, но предложените нови закони ќе забранат рекламирање на цветови и екстракти од канабис, како и други производи од канабис.

Претходниот нацрт-закон во ноември падна во парламентот.

Премиерот Тависин претходно се изјасни против рекреативната употреба на марихуана, велејќи дека злоупотребата на дрога е „голем проблем за Тајланд“.

Тајланд стана првата земја во Азија која целосно ја декриминализираше марихуаната во јуни 2022 година, што е реткост во регион каде што многу земји изрекуваат долги затворски казни, па дури и смртни казни за поседување, консумирање или трговија на марихуана.

Во блискиот Хонг Конг, дури и непсихоактивен канабидиол (ЦБД) е забранет.

Медицинската марихуана е легална во Тајланд од 2018 година, но во 2022 година беше целосно декриминализирана, па одгледувањето и тргувањето со марихуана повеќе не е кривично дело. Дозволено е и користење на кој било дел од растението за третман на болести.

Оттогаш, илјадници продавници за марихуана никнаа низ Тајланд, како и други компании кои се бават со трговија на канабис, како што се кафулиња и центри. Градовите како Чианг Маи и ​​главниот град Бангкок дури одржуваа фестивали на „трева“, а декриминализацијата привлече многу туристи.

Застапниците на легализацијата тврдат дека тоа им помогнало на многу Тајланѓани, од земјоделци до сопственици на мали бизниси.

Кити Чопака, претприемач од Бангкок која се бави со марихуана, со години води кампања за легализација. Сега вели дека одлуката на владата за забрана „не е неочекувана“.

„Но, без оглед на тоа што се случува со регулативите за марихуана, сега е предоцна да се прекласифицира канабисот како наркотик“, вели таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ