Тахири на Фејсбук напиша дека „почнале шпекулациите за мировните преговори предводени од Трамп“.
„Шпекулациите на проруските и просрпските аналитичари ја афирмираат идејата за промена на границите, вклучително и на Балканот, поточно меѓу Косово и Србија“, наведе Тахири.
Таа, сепак, вели дека американскиот претседател „многу добро знае дека нема промена на границите само на еден дел од Балканот и тие ќе се менуваат на целиот Балкан, преку мир или војна“.