петок, 26 јули 2024
Лидерот на ДПА во ТВ гостување

Тачи: Вмешувањето на Курти во изборите е измама која внесе делби меѓу Албанците

Ситуацијата меѓу Албанците во Македонија е мошне затегната откако косовскиот премиер Аљбин Курти се вмеша во овдешните претседателски и парламентарни избори, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи во интервју за Еуроњуз Албанија. „Интервенцијата на Курти во изборите не ги обединува Албанците, како што велат од Вреди, туку ги дели“, нагласи Тачи.

Објавено на

часот

Сподели

Тачи смета дека намерата на косовскиот премиер е да го сврти вниманието на својата домашна јкавност од, како што нагласи, капиталните неуспеси на неговата политика на Косово.

„Тензиите беа зголемени поради  интервенцијата на Русија во Украина и обидот на Москва да ја покаже својата сила на Балканот. Но дополнително се затегнаа односите внатре во Македонија со вмешувањето на Аљбин Курти во нашата домашна политика. Тој и директно се меша. Од тензична состојба меѓу Македонците, сега имаме тензична состојба и меѓу Албанците. Освен лични причини, кај Курти не гледам други причини за оваа негова авантура“, изјави Тачи.

Според Тачи, опозицијата која Курти ја поддржува, сепак е со има минимален капацитет  да се натпреварува со Европскиот фронт предводен од ДУИ, во кој фронт е и ДПА.

„Нивната надеж е дека македонската опозиција ќе ги прифати како партал, иако има националистичка програма која не предвидува уставни измени, па е дури и за блокирање на интегративните процеси“, рече Тачи.

Лидерот на ДПА резонира дека Вреди има недостоинствена понуда, а дека интервенцијата на Курти е обична измама заради сопствената суета по бројните неуспеси во Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ