среда, 11 декември 2024
Лидерот на ДПА за Еуроњус Албанија

Тачи: Курти се меша во Македонија, му прави штета на Косово и ги легитимира потезите на Вучиќ

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во интервју за ТВ Еуроњуз Албанија изјави дека влегувањето во изборите во Македонија на партијата Самоопределување чиј лидер е косовскиот премиер Аљбин Курти претставува мешање на косовската влада во внатрешните работи на државата. „Интервенцијата на Курти во изборите во Македонија индиректно ја легитимира интервенцијата на Александар Вучиќ во Косово или Северна Македонија“, рече Тачи.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за интервенција на владата на Косово во македонските избори, а не се работи за изборна конкуренција на нова политичка сила на Албанците, нагласи Тачи.

„Тоа не е партиска интервенција, туку владина, на Косово. И, индиректно врши ѓаволска работа, ги легитимира интервенциите на владата на Србија во Косово и во Северна Македонија. Курти не е од најновата политичка генерација на Албанците, но Албанците во новото време се договорени главен приоритет да бидат членството во ЕУ и во НАТО, како и сојузот со САД. Верувајте, наполно свесни на второ место ги ставивме националните приоритети“, рече лидерот на ДПА.

Тачи рече дека воопшто не се согласува со премиерот на Косово Аљбин Курти и со неговите фалби дека има големи заслуги за унапредување на независноста на Косово.

„Имам голем став и сум под голем стрес дека од таквите фалби и измами на Курти кон народот на Косово може кај меѓународната заедница да се предизвика забуна. Што сака да покаже господинот Курти? Дека тој е ослободителот и заслужниот за Косово? Сосема е погрешно, заслугата е на нашите сојузници. Многу блиску ни се извонредните трагедии, како што е случајот со Босна, каде Бошњаците денес, со над 200.000 жртви, сè уште немаат независна држава. Имам хипотетичко прашање: Што може да се случи ако ги разочараме западните сојузници?“, рече Тачи во интервјуто за Еуроњуз Албанија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ