вторник, 21 мај 2024
Изјава на лидерот на ДПА

Тачи: Косово нема комодитет преку Самоопределување да влијае во друга држава

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тачи, предупредува дека вмешувањето на косовската Самоопределување во изборите во Македонија може да биде опасен преседан. Според него, добро е што ЕУ не ѝ отвори пат на Албанија, бидејќи тогаш „ние тука би останале како деца сами во темниот двор“.

Објавено на

часот

Сподели

„Не е ништо ново или не е ништо недозволиво политичка партија од Косово или од Албанија да искаже поддршка за некоја партија тука. Но, тоа е лош преседан кога таа партија (Самоопределување н.з.) е на власт. Мора да постојат многу изговори или алиби заради тоа што може од Србија или од Русија да има импликации во политичкото организирање на македонските партии. Мислам дека поради тешкотиите што ги има, Косово нема таков комодитет за да врши таква интервенција. Затоа, не треба да им даваме аргументи на другите, на нашите противници и да ги легитимираме интервенциите, од Русија, на пример“, рече Тачи на партиски собир во Тетово.

Што се однесува до претстојните парламентарни избори, Тачи рече дека неговата партија ДПА е подготвена за изборен натпревар.

Во однос на прашањето за крстот на Попова Шапка, лидерот на ДПА рече дека за Албанците тоа не е проблем зашто „имаат три четири религии“ но дека, како што оцени, лошо е кога „слвенската политика користи верски објекти за обележување на територии“.

Тачи оцени дека е позитивно за Македонија што ЕУ не отвори преговори за Албанија.

„За разлика од многу политичари Албанци кои оценија дека станува збор за негативен факт и блокада на Албанија, јас велам дека е тоа многу позитивно, за нас македонски Албанци. Мислам дека влијателните центри од западот не ѝ отвораат пат на Албанија додека не отворат пат и за Македонија. Поинаку би било фатално за Македонија зашто ќе заостане на евроинтегративниот пат и ние тука би се чувствувале како деца кои во темната ноќ останале сами во дворот“, рече Тачи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ