понеделник, 20 мај 2024
Избори 2024

Тачи: Да, гласав и за претседател на Македонија

Повикувам на гласање и се надевам дека ќе имаме масовна излезност и дека изборите и овојпат ќе бидат демократски и ќе бидат одраз на волјата на избирачите. Уверен сум дека нашата опција е таа за која ќе се определат гласачите, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој е во коалиција со ДУИ во Европскиот фронт, откако го оствари своето право на глас.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска се одлучува за еден четиригодишен период, не станува збор за одлука за еден ден, затоа овие избори се важни и треба да се гласа.

Тој потврди дека гласал и за претседателските избори, а тоа може да се види и од фотографиите од гласаето. На прашаето од новинарите зошто гласал и за претседателските избори, Тачи рече:

„Не сакам да го прекинам предизборниот молк со поширок одговор. Ќе кажам дека стојам зад одлуката на Европскиот фронт донесена на 2 мај во Струга, кога граѓаните беа повикани од нас самите да одлучат како ќе постапат во однос на претседателските избори“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ