четврток, 24 октомври 2024

Сѐ додека не се распуштат корумпираните во правосудството нема да има правна држава, вели премиерот

Ако имате корумпирани судии во највисокото тело, Врховниот суд, тогаш можете да замислите што се случува надолу, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање дали е задоволен од изречените казни на членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети и врховниот судија Наќе Георгиев после спогодбата со Обвинителството со која принзаа дека примиле поткуп.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Истрагата потврди дека не е само врховниот судија, туку спогодба со Обвинителството направил и Иџет Мемети, заменик претседателот на Советот на јавни обвинители и затоа довербата е два проценти. Сѐ додека не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава, рече Мицкоски.

Тој потенцираше оти е задоволен што во техничката Влада, МВР спровело акција, која покажала дека има корумпирани судии во Врховниот суд.

„Јасна е спрегата меѓу судско-обвинителскиот систем кај нас. Затоа довербата е два проценти, затоа што едни тефтерчиња од едно минато се заменија со други тефтерчиња, само овие се од Струмица, од ‘Бихаќка’ и од Речица. Сѐ додека имаме тефтерчиња и сѐ додека не се распуштат овие луѓе, нема да имаме правна држава“, изјави денеска Мицкоски по посетата на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија во Скопје.

Врховниот судија Наќе Георгиев вчера беше осуден на три години затвор за примање поткуп и му беше изречена забрана за вршење на професија.

Претходно и членот и зменик претседател на Советот на јавни обвинител, Иџет Мемети се спогоди со Обвинителството, призна дека и тој примил поткуп и беше осуден на условна казна затвор. Како и на Георгиев, така судот, и на Мемети му изрече забрана за вршење на професијата во рок од три години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ