четврток, 6 март 2025

СЗО: Замрзнувањето на помошта од САД загрозува милиони заболени од туберкулоза

Замрзнувањето на американското финансирање за програмите за туберкулоза става во опасност милиони животи низ светот, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), агенција на Обединетите нации од која САД планираат да се повлечат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

СЗО проценува дека глобалните напори за борба против туберкулозата – најсмртоносната заразна болест во светот – спасиле повеќе од 79 милиони животи во последните две децении, се вели во соопштението.

Сепак, овој напредок е загрозен со замрзнувањето на американската помош, од која зависат многу организации, особено во сиромашните земји.

„Ненадејните буџетски кратења сега се закануваат да го сменат тешко постигнатиот напредок“ во борбата против туберкулозата, „доведувајќи милиони луѓе, особено најранливите, во голем ризик“, предупредува СЗО.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари потпиша извршна наредба со која се наредува замрзнување на американската помош во странство за 90 дена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ