сабота, 27 јули 2024

СЗО предупредува: Сè повеќе деца умираат од глад на северот на Појасот Газа

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус предупреди денеска дека на северот на Појасот Газа сè повеќе деца умираат од глад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој наведе дека вработените во СЗО овој викенд првпат од октомври минатата година можеа да ги посетат болниците Ал Авда и Камал Авдан во Газа и истакна дека тоа што го виделе таму било „мрачно“.

Недостигот на храна минатата недела предизвика смрт на десет деца и доведе до тешки нивоа на потхранетост, а болничките згради се уништени, кажа Гебресезус, пренесува Би-би-си.

Министерството за здравје во Газа извести во неделата дека најмалку петнаесетина деца умреа од неисхранетост и дехидрација во болницата Камал Адван, а палестинската агенција Вафа денеска објави дека 16-то дете умрело од глад во болницата во јужниот град Рафа.

Тедрос извести за „сериозни нивоа на потхранетост, за деца што умираат од глад, за сериозен недостиг на гориво, храна и на медицински потреби, како и за уништени болнички згради“ во северна Газа, каде што се проценува дека 300.000 луѓе живеат со недоволни количества храна и вода за пиење. .

Дека гладот во Појасот Газа „практично е неизбежен“ минатата недела предупредија и Обединетите нации.

Висок службеник на ОН за хуманитарна помош наведе дека најмалку 576.000 луѓе во Појасот Газа, што е четвртина од населението, се соочува со катастрофално ниво на недостиг на храна и дека секое шесто дете помладо од две години на северот страда од акутна неисхранетост.

По повод на катастрофалната ситуација во Газа реагираше и генералната директорка на Уницеф за Блискиот Исток Адел Кодр, која рекла дека гледаме „умирање на деца поради глад, додека неисхранетоста го пустоши Појасот Газа“.

„Овие трагични и ужасни смрти се предизвикани од човечка рака, а беа предвидливи и беше можно да се спречат“, реча Кодр.

Откако израелската војска почна голема воздушна и копнена кампања на Газа убиени се повеќе од 30.500 луѓе, главно жени и деца.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ