сабота, 27 јули 2024

СЗО побара Македонија да не субвенционира одгледување на тутун поради штетноста од пушењето

Објавено на

часот

Сподели

!Тутунот е одговорен за осум милиони смртни случаи годишно, но владите ширум светот трошат милиони за поддршка на фармите за тутун“, рече шефот на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус пред Светскиот ден без тутун, кој се одбележува на 31 мај.

Со изборот да одгледуваме храна наместо тутун, истакна Гебрејесус, даваме приоритет на здравјето, ги зачувуваме екосистемите и ја зајакнуваме безбедноста на храната за сите.

Во Швајцарија, тутунарите добиле повеќе од 32 милиона долари субвенции меѓу 2015 и 2020 година, се вели во извештајот.

Во САД и Аргентина, по неколку стотици милиони долари од парите на даночните обврзници се слеале во одгледувањето тутун во овој период, се вели во извештајот.

Севкупно, тутунот го има на 3,2 милиона хектари во 124 земји во светот, при што многу земјоделски работници се разболеле од екстремно високата изложеност на никотин.

Корпорациите авансираат пари за да ги покријат високите трошоци за семиња, ѓубрива и хербициди, но тие потоа ги плаќаат земјоделците на крајот на сезоната, создавајќи циклус на долгови и зависност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ