сабота, 21 декември 2024

СЗО одобри вакцина против мајмунски сипаници и за тинејџери

Светската здравствена организација денеска објави дека ја одобрила вакцината против мајмунски сипаници на компанијата Бавариан Нордик и за адолесценти на возраст од 12 до 17 години, возрасна група која се смета за особено ранлива на болеста што предизвикува голема глобална загриженост.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

СЗО објави во соопштение за печатот дека на 8 октомври на вакцината „Јунеос“ ѝ дала рецензија и за адолесценти.

Во август, Светската здравствена организација ги прогласи мајмунските сипаници за глобален јавно здравствен проблем по втор пат во две години, откако нов вид на вирус се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји.

Во септември, агенцијата на Обединетите нации ја одобри употребата на оваа вакцина за возрасни, олеснувајќи го пристапот до вакцината во тешко погодените африкански земји.

Децата, адолесцентите и лицата со ослабен имунолошки систем се особено подложни на мајмунски сипаници, вирусна инфекција која обично предизвикува симптоми слични на грип и гнојни кожни лезии.

Мајмунските сипаници се таканаречена вирусна зооноза – болест која може да се пренесе од заразено животно на човек, а симптомите се слични на оние кои се заразени со големи сипаници.

Последната одлука на СЗО дојде откако Европската унија го одобри овој лек како вакцина за адолесценти во септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ