четврток, 24 октомври 2024

СЗО: Можна е меѓународна вонредна ситуација поради мајмунските сипаници

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Адханом Гебрејесус изјави денес дека разгледува свикување комитет на експерти кој ви утврдил дали епидемијата на мајмунски сипаници (Емпокс) меѓу луѓето во неколку африкански земји треба да се квалификува како вонредна меѓународна ситуација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гебрејеусс кажа дека СЗО како агенција на Обединетите нации и Африканските центри за контрола и превенција на болести, меѓу другите, ги засилуваат напорите да го прекинат преносот на вирусот.

„Меѓутоа, постои потреба за повеќе финансирање и поддршка за сеопфатен одговор. Размислувам за свикување на комитетот за итни случаи за меѓународните здравствени прописи да ме посоветува дали избивањето на мајмунските сипаници треба да биде прогласено за вонредна состојба за јавното здравје од меѓународно значење“, порача Гебрејсус на социјалната мрежа Икс.

Таквата квалификација е најголемата тревога која СЗО може да ја прогласи и шефот на СЗО е тој кој тоа може да го направи на советите на комитетите.

СЗО на 11 јули предупреди на глобалната здравствена закана по луѓето од мајмунските сипаници, изразувајќи загриженост поради избивањето на нов, посмртоносен сој на вирусот во Конго.

Од тогаш Бурунди, Брегот на Слонова Коска, Кенија, Руанда и Уганда соопштија дека забележале неколку случаи на мајмунски сипаници. Конго пријави над 11.000 случаи на зараза, вклучувајќи 450 смртни случаи.

Вирусот е првпат откриен кај луѓето во 1970 година во сегашна Демократска Република Конго, а од тогаш е главно ограничен на земјите од западна и централна Африка, а пациентите биле главно заразени од животни и со консумирање на нивното месо.

Глобалната епидемија на мајмунските сипаници пред две години ја наведе СЗО во јули 2022 да прогласи вонредна ситуација за јавното здравје од меѓународно значење. СЗО ја прекина состојбата на готовност во мај 2023.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ